Македонски стручњаци и боксери: Мала предност за Фјури, сите ја потенцираат десницата на Вајлдер

Направивме анкета меѓу нашите стручњаци, спопртисти и бокс работиници од регионот за вечерашниот супермеч во Лас Вегас во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер за титулата во тешка категорија на ВБЦ. И двајцата се непоразени, а на Вајлдер ова ќе му биде 11 одбрана, со што може да постави и рекорд.

Прашањето беше: „Кој ќе победи во реваншот Дионтеј Вајлдер – Тајсон Фјури? И зошто?“

Блага предност има Тајсон Фјури, но сите ја потенцираат десницата на Вајлдер.

Примислав Димовски: „Или Вајлдлер со нокаут или Фјури на поени, затоа што Вајлдлер секако ќе оди на нокаут, а Фјури ќе биде поголем тактичар“.

Насер Харуни: „За мене Вајлдер е покомплетен боксер, но Фјури покажа дека  може да се носиб без проблем и успеа да стане кога беше на подот. Покажа дека е цврст борец. Јас сум за Вајлдер“.

Оливер Станков: „Фјури е пошкулван боксер, за згора на тоа умее и повеќе да провоцира, но да ги издржи сите  рунди, односно да стане и кога се мисли дека е крај“.

Даниел Стефановски: „Мислам дека Фјури ќе го победи Вајлдер. Мислам дека и во првиот меч беше подобар. Фури е технички борец и многу паметан. Валјдер оди само на снагата“.

Јасин Лама:„Јас сум за Тајсон Фјури, затоа што има специјална техника и ќе направи тактиката да го држи мечот пот контрола. А, како што знаеме каков агресивен боксер е Вајлдер, ќе почне да излегува од контрола. Тоа ќе биде добро за да победи Фјури“.

Фатон Салиху: „Фјури“.

Петре Чурлиновски: „Тајсон Фјури…оти е голем човек, хуманист“.

Дарко Чатлески: „Тешко да се даде точно мислење. Двајца високи боксери, едниот удирач другиот тактичар . Се работи за двајца јаки боксери. Дури не е ни битен теренот, каде боксираат, дали на домашен или на туѓ терен. По мое мислење, борбата би била рамноправна со предност на Вајлдер, бидејќи удира многу појако од Фјури, иако тоа  не е пресудно во боксот“.

Драгољуб Радовиќ: „Не знам“ (со насмевка).

Гого Славески: „Според мене, Вајлдер, затоа што секогаш во реваншите се покажал посмирен и подоминантен од противниците поради увидот на грешките, а и стратегијата на Фјури. Мислам дека дадената рака ќе направи кратка ноќ за Фјури. Двајцата поседуваат атлетизам, но, Вајлдер, според мене, поседува надприродна сила“.

Александар Димовски – Димса: „Реално тешка одлука. Тајсон е подобар боксер и доколку се држи цврсто на своите боксерски способности секако дека ќе го надбоксира Вајлдер, но мечот е долг и да се одржи концентрацијата на борба во сите рунди е многу тешко, скоро невозможно. А, знаеме колку малку му треба на Вајлдер да ја пласира својата десница и да ја заврши борбата. Така, навистина не можам да се одлучам на кој боксер би му дал предност “.

Вели Мумин: „Се работи за двајца гладијатори. Со сигурност не може да се каже кој ќе победи. Се работи за супертешка категорија, таму до последен момент може да има пресврт. Но, сознанијата што ги имаме за двајцата се: Фјури (1988 г.) е висок 2.06 см, со дијаметар на рацете 2,16 см. И многу незгоден боксер е за сите противници, притоа не се предава до последен здив, а тоа го видовме во претходниот меч на двајцата титани. Многу искусен боксер е, знае од изгубен меч да направи пресврт во негова полза, а тоа многу малку боксери го можат и умеат. Добар тактичар. Од другата страна, доаѓа Д. Вајлдер, кој е многу агресивен, моќен во ударите, ментално е подготвен, нема некоја посебна тактика, оди на сурова сила, има добар тајминг на водење на борбата, иако знаеме дека е роден 1985 г.  Дијаметар на рацете 2.11см. Малку е постар од Тајсон. Тука некаде се со предиспозициите со Тајсон. Мотивиран да ги обедини сите појаси во тешка категорија. Сепак, мислам дека стратегијата и големата желба на двајцата, ќе игра голема улога за победа. Иако навивам за Тајсон, сепак, мислам дека Вајлдер ќе победи“.

Драган Ѓошевски: „За борбата меѓу Вајлдер и Тајсон, на мислење сум ако Тајсон ја искористи неговата предност со долгите раце, а најбитно е да ја има неговата концентрација, би требало да победи. Сепак, не е за потценување и Вајлдер. Но, би кажал, тоа се моменти на грешка од којбило и како ќе ја искористи, затоа што тие се професиналци. Моментите ги користат. Тоа му доаѓа како кога боксираше Џоша со Кличко –  една грешка и крај“.

Васко Цубалевски: „Дионтеј Вајлдер,затоа што е подобар и во прав момент знае да поентира, да нокаутира и победува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО