Македонската и српската кендо репрезентација одржаа заеднички тренинзи (ФОТО)

kendo reprezentacija vo srbija

Македонската и српската кендо репрезентација одржаа три тренинзи во Белград – Србија, како дел од подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во Скопје од 31 март до 3 април 2016 година, а ќе учествуваат 485 натпреварувачи од 37 држави. Нашата репрезентација ја предводеше сенсеи Златко Кесковски.

Kecko i srbin so japonka na kolena

Претходниот викенд сенсеи Филипи Кристијан одржа семинар со македонскиот национален кендо тим како подготовка за настап на ЕП.

Kecko kazuva nesto vo srbija

Селекторот на македонската кендо репрезентација, Златко Кесковски, пред некое време го соопшти списокот на ученсци на Европскиот шампионат: Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Илија Андреевски, Матеј Јошевски и Марија Манасиевска.

kendo reprezentacija vo Srbija seizam

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО