Македонија прва на Ментаз Алајбегу, 14 медали во поединечна конкуренција (ФОТО)

 

Македонските борачи на третиот Меѓународен турнир „Ментаз Алајбегу“ во Призрен, Косово, во четвртокот освоија 5 злтани, 2 сребрени и 5 бронзени, и по еден сребрен и бронзен во женско борење.

Во екипен пласман репрезентацијата на Македонија го освои првото место, Ријад Реџепи (БК Лирија) е прогласен за најдобар странски борач, а Бојана Лазаревска (ПБК Безбедност) за најдобра техничарка во женско борење.

Медалите ги освоија:
50 кг Аид Салихаси – златен медал (БК Тефејуз)
50 кг Идриз Идар – бронзен медал (БК Тефејуз)
55 кг Мартин Стојанов – златен медал (БК Балканец)
55 кг Халит Османи  – сребрен медал (БК Лирија)
55 кг Минир Реџепи – бронзен медал (БК Лирија)
60 кг Леонардо Насески – бронзен медал (7-ми Мај-Леов, Прилеп)
66 кг Ријад Реџепи – златен медал (БК Лирија)
74 кг Бајрам Хајдари – златен медал (БК Тефејуз)
74 кг Басри Јусуфи – сребрен медал (БК Лирија)
74 кг Орхан Џафери – бронзен медал (БК Лирија)
74 кг Петар Тодев – бронзен медал (БК Балканец)
84 кг Александар Донев – златен медал (БК Балканец)

 Женско борење
56 кг Бојана Лазаревска – сребрен медал (ПБК Безбедност)
52 кг Олгица Коцева – бронзен медал (ПБК Безбедност)

Борачите ги водеа тренерите Гордан Николов и Виктор Богданов БК Балканец, Рамадан Шабани (БК Лирија), Али Назми (БК Тефејуз), Дејан Заов (7-ми Мај-Леов) и Страшо Глигоров (ПБК Безбедност).

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО