Македонија освои уште 5 медали и е втора карате репрезентација на Балканското првенство

Македонските карате надежи освоија вкупно 30 медали – 9 злата, 9 сребра и 12 бронзи на 18. Балканското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, во Херцег Нови, Црна Гора, од кои пет денеска – 1 златен, 1 сребрен и 3 борнзени.

Тоа на македонската репрезентација и го донесе второто место по бројот на освоени медали, веднаш зад Турција со 20 медали (10-2-8), а трета е Србија 35 (9-7-19) – златните медали се сметаат како приоритет.

Кумите тимот жени во У-21 го освои златниот медал, а кадетскиот ката тим мажи го освои сребрениот медал, додека кадетските кумите тимови мажи и жени јуниорскио кумите мажи се закитија со бронзи,

Со златни медали се закитија кадетите Марио Свинарски (до 57 кг), Христијан Стојановски (до 63 кг), јуниорите Столе Смилковски (до 55 кг), Фаик Весели (до 61 кг), Доан Османи (до 75 кг), јуниорката до 21 год., Моника Пендаровска (до 55 кг), јуниорката (до 21 год) во кати Мишела Димоска, машкиот и женскиот јуниорски ката-тим (до 21 год).

Сребрени медали освоија: Александар Неделковски, Марија Петровска, Абдурахман Идризи, Марија Димоска, Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Давид Петков, Ангела Мојсовска, Константин Василевски, македонскиот кадетско-јуниорски ката-тим.

Бронзи освоија: Владанка Аврамова, Марко Бунтески, Марија Милева, Јован Васиќ, Филип Несторовски, Кренар Џафери, Ферри Исиќ, Сара Крстевска, Ардит Марку, екипно кадети жени во борби, кадети екипно борби мжи, екипно борби јуниори.

Јуниорски кумите тим мажи (Џафери, Костов, Мурати, Несторовски, Петков, Смилковски, Весели)

Македонија – Хрватска 2-0
Македонија – Босна и Херцеговина 0-0 – победа за БиХ
За бронза
Македонија – Словенија 3-1

Кадетскиот ката тим мажи (Бановски, Димитриевски, Васиќ)

Македонија – Хрватска 5-0
Македонија – Словенија 3-2
Финале
Македонија – Србија 0-5

Кумите тимот жени во У-21 (Јањиќ, Костовска, Мојсовска и Пендаровска)

Македонија – Б и Х 2-1
Македонија – Србија 1-1
Финале
Македонија – Словенија 2-0

Кумите тим кадети жени (Божиновска, Јовановска, Петровска, Милева)

Македонија – Хрватска 0-2
Македонија – Бугарија 2-0 репасаж
За бронза
Македонија – Косово 2-1

Кадетски кумите тим мажи (Давитков, Џамѓозов, Хаџи Кимов, Косотов, Мишачковски, Стојановски, Свинарски)

Македонија – Србија 3-1
Македонија – Турција 1-2
За бронза
Македонија – Романија 3-0

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО