Мајк Тајсон влезе на биткоин пазарот!

majk tajson bicotin

Мајк Тајсон по се изгледа се подготвува за влегување на пазарот на биткоин. Поранешниот боксер ќе спонзорира банкомат што ќе им овозможи на корисниците да ги разменуваат вистинските пари во дигиталната валута. Во саботата Тајсон на Твитер го пушти линкот до веб-сајт реклами Mike Tyson Bitcoin ATM, кој ќе проработи во август. На сајтот се вели дека најбрзиот нокаут, кој Тајсон го нанел на рингот, бил во рамките на 30 секунди. Во исто време, новиот банкомат ќе може да менува парите на клиентите во биткоин за помалку од 20 секунди. Претставници на Тајсон засега не го коментираат неговиот нов му бизнис потфат, иако информацијата е пуштена од неговиот официјален профил, затоа се претпоставува дека тој го дал одобрението за новиот бизнис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО