Мек Грегор: Толку силно ќе го удрам Мејведер, што ќе научи да чита!

mekgregor mejveder

Продолжуваат нападите врз Мејведер од ММА светот. Пред неколку месеци Конор Мек Грегор ги кажа ставовите за тоа како би течел меч меѓу нив и колку време ќе му треба да го победи неприкосновениот боксер.Иако привремениот шампион на УФЦ, кој има 66 килограми, изјави дека е импресиониран од вештините на Флојд во светот на боксот. Сепак, тоа не е доволно, за да го натера да го поштеди од подбивачки напади Американецот.

S

 Еве ја целата вербална проповед на Конор против боксерската икона:„Јас сум во најдобра форма во живот. Чувствувам дека никој не може да ме запре, вклучувајќи го и Флојд Мејведер. Имам предност над него во опфатот, брзината и сум најпаметниот борец. На секого му е јасно дека овој човек не може да чита. Како тогаш е можно да го „прочита“ моето движење за време на борба? Нема да знае што да прави. Толку силно ќе го удрам Мејведер, што ќе се научи да чита“!

„АКО ГО ЧИТАТЕ ОВА, ЗНАЧИ НЕ СТЕ ФЛОЈД“

Ирскиот борец е од типот на луѓе кои или страсно го поддржувате или го мразите. Без разлика од која страна сте на барикадите, треба да признаете дека кога зборува Конор, секогаш успева да го каже потребното, за да направи сензација од ништо. Не лесно да си фасцинантна личност, а шегобијното промовирање носи опасности, но една од работите кои го прават миленик на публиката е тоа што Мек Грегор успева солените шеги да ги кажува доза на хумор, што моментално ги тера и оние кои го мразат, да се насмејат и да проценат балансот.

https://youtu.be/SO2xxlNchL0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО