Мајк Тајсон влегува во бугарското риалити шоу „ВИП Брадер“

Majk Tajson ti

Легендарниот боксер Мајк Тајсон е долгоочекуваниот изненадување во јубилејната 10-та сезона на бугарскиот „ВИП Брадер“ или кај нас ова риалити шоу е попознато како „Големиот брат“. Американецот е најголемата ѕвезда, која влегува во номинираните.

Нема човек на планетава кој не знае кој е „Железниот Мајк“. На 20-годишна возраст стана најмладиот светски шампион во бокс во тешка категорија, а огромните спортски успеси се безбројни. Незаборавен му беше мечот со Ивендер Холифилд, на кого му го откина увото.

Откако официјално завршува својата активна спортска кариера во 2005 година, Тајсон учествува во неколку филмови, а освен тоа има и учество во театарот со монодрамата „Мајк Тајсон: неоспорна вистина“. Во последните неколку години боксерот има постојани настапи во МГМ Гранд Холивуд театарот, а во 2012 година го прави дебито со свое шоу и во Бродвеј.

Допрва треба да се знае каква точно ќе биде улогата на Тајсон во куќата, но можеме да очекуваме големи изненадувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО