Мајк Тајсон: Без канабис ќе станам прасе (ВИДЕО)

Боксерската икона Мајк Тајсон рече дека пушењето марихуана е една од најважните работи во неговата кариера.

https://www.instagram.com/p/ByDgkFDJUPP/?utm_source=ig_embed

„Диносаурусот“ изјави дека без канабис, ќе стане „дебело прасе“ и ако не пушел барем малку немал да има претстава што да прави со неблагодарна работа. Неодамна, Мајк Тајсон откри дека планира да отвори плантажа со канабис на Карибите, кога веќе има во Калифорнија и да направи сопствен бренд на лесна дрога. Потврда за влијанието на марихуаната врз неговиот живот „Железниот Мајк“ го направи во своето шоу на „Јутјуб“ „Жесток бокс со Мајк Тајсон“.

https://www.instagram.com/p/B3-nWhBlebF/?utm_source=ig_embed

„Зборувам од сопствено искуство. Мислам дека пушењето е добра идеја. Ова е процес на обнова што се поминува по борбата. Можете да пушите канабис свесно или незнаејќи. Ова е процес. Ако не пушам, никогаш не би тренирал. Ќе бев дебело прасе. Ми помага да се тргнам од влијанието на светот“, рече легендата на боксот. Видеото е прегледано над 55.000 пати за еден ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО