Махачев го критикуваше пласманот „паунд фор паунд“, Дана одговори: Тој е лут затоа што не му се допаѓа каде е

Во споменатото рангирање моментално прв е Џон Џонс, а на второто место е Волкановски, Махачев е трет.

Пред некој ден, шампионот на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев почна да критикува одредени работи и борци. Најпрвин го критикуваше Џон Џонс, кој сосема смирено му одговори, а потоа немаше ништо убаво да каже за рангирањето на УФЦ паунд фор паунд. Искрено, не е првиот човек што го критикува тој пласман.

Често се нарекува ирелевантно и неправедно, иако е чест за борците да бидат дел од него. Како и да е, Махачев нема добро мислење за ова рангирање, а Дана синоќа изјави дека тоа е само затоа што не му се допаѓа како моментално е рангиран:

„Го сакам, но му пречи рангирањето „паун фор паунд“, бидејќи е лут што не му се допаѓа местото каде што е во моментов. Сите се заинтересирани за „паунд фор паунд“. Јас го разбирам тоа. Разбирам како му е во главата и токму затоа реши да го прифати Волкановски. Можете да кажете што сакате за првата борба. Таа беше многу блиска. Таа беше контроверзна. И двајцата имаат шанса да одат до крај вечерва“, изјави Дана.

„Како што оваа борба ќе заврши, таа ќе биде паунд фор паунд. Кога ќе се погледне што значи тоа, Волкановски е полесниот човек кој доаѓа за појас, а како и да заврши, медиумите го контролираат ова рангирање. После се ќе ни кажат каде е рангиран Волкановски“, додаде тој.

Во споменатото рангирање моментално прв е Џон Џонс, а на второто место е Волкановски. Махачев е трет, но и повторно да го победи Волкановски тешко дека ќе го стават на првото место. Победникот од оваа борба го заслужи тоа, а ќе видиме дали ќе го добие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО