Махачев до Волкановски: Подготви се малечко!

Рускиот ММА борец Ислам Махачев го започна тренинг кампот.

Шампионот на УФЦ во лесна категорија почна да тренира за борбата со Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски. Тие ќе се борат во борба шампион против шампион на УФЦ 284, која ќе се одржи во февруари во Перт, Австралија.

Александар ќе се обиде да стане двоен шампион, но букмејкерите се зад Махачев. Ислам ќе се обиде да го симне Александар од првото место на рангирањето без разлика на категоријата.

Махачев е во серија од 11 последователни победи и на крајот на октомври го совлада Чарлс Оливеира. Тој не е импресиониран од физичките параметри на Алекс и ги повикува да бидат подготвени за борба, која нема да биде лесна.

„Започнав тренинг камп за борбата. Подготви се малечко!“ му напиша Махачев на Волкановски на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Islam_Makhachev (@islam_makhachev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО