Маестралниот Ентони Џошуа! Еј Џеј со совршена изведба издоминира против Ото Валин

Заврши боксерскиот спектакл во Саудиска Арабија! Ентони Џошуа и Ото Валин се бореа во главната борба на вечерта, а Џошуа лесно дојде до победата.

Еј Џеј ја контролираше борбата од првата до последната секунда. Првите две рунди беа со порезервиран пристап од двајцата тешкаши, но како што борбата напредуваше, Џошуа го засилуваше темпото.

Прекинот се случи меѓу петтата и шестата рунда. Од аголот на Ото Валин повика на прекин и Џошуа ја забележа 27-мата победа во 30-тиот професионален настап.

Резултати од боксерскиот настан во Ријад:

Френк Санчез – Јуниор Фа – нокаут во седмата рунда
Филип Хрговиќ – Марк Де Мори – прекин во првата рунда
Џаи Опетаја – Елис Зоро – нокаут во првата рунда
Агит Кабајел – Арсланбек Махмудов – прекин во четвртата рунда
Даниел Дубиос – Џарел Милер – прекин во десетата рунда
Дмитри Бивол -Линдон Артур – едногласна одлука
Џозеф Паркер – Дионтеј Вајлдер – едногласна одлука на судиите
Ентони Џошуа – Ото Валин – прекин по петтата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО