Мачида и Френк Мир на отворен тренинг за Белатор на Хаваите (ВИДЕО)

57

Белатор овој викенд ќе одржи два настани на Хаваите.

Во главната борба на настанот непоразениот првак во лесна категорија Брент Примус (8-0) по втор пат се бори против поранешниот шампион Мајкл Чендлер (18-4).

Во првиот меч по поразот од Федор, Френк Мир (18-12) се среќава со Чави Ајала (10-7), кој во 2016 година го нокаутира Сергеј Харитонов. Потоа беше поразен од Рој Нелсон на поени и со нокаут од Чејк Конго.

На Белатор 213 ќе дебитира Лиото Мачида (24-8) против поранешниот првак во средна категорија Рафаел Карваљо (15-2).

Мухамед Лоуелсе  бори со Лиам Мек Гери, додека во четвртфиналето за Големата награда во велтер категорија се среќаваат Нејман Грејси и Ед Рут.

Во главната борба на вечерта силите ќе ги одморат Илима Леи Макфарлејн (8-0) и Валери Летурно (10-6).

Се одржаа отворените тренинзи на кои Френк Мир работеше со ќерка му Изабела.

Белатор 212:
Брент Примус – Мајкл Чендлер
Френк Мир – Чави Ајала
Дерек Кампос – Сем Сицилија
Алехандра Лара – Јулијана Веласкез
A.J. Мекки – Даниел Крафорд

Белатор 213:
Илима-Леи Макфарлејн – Валери Летурно
Лиото Мачида – Рафаел Карваљо
Нејман Грејси – Ед Рут
Мухамед Лоуел – Лиам Мек Гери
Кона Оливеира – Наиноа Данг

.