Поветкин размислува за враќање во рингот напролет

165

Поранешниот светски боксерски шампион Александар Поветкин размислува да се врати во рингот напролет.

https://twitter.com/LucozadeSport/status/1043620559844720645?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1043620559844720645&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D760751

Ветеранот го загуби во последниот меч од Антони Џошуа со нокаут. Тоа беше втор пораз во неговата кариера откако беше совладан од поени од Владимир Кличко.

„Во моментов Александар се одмора. Веќе има предлози за него. Следната борба ќе ја има во март или април“, коментира менаџерот на компанијата „Мир бокса“, Вадим Корнилов.

39-годишниот Поветкин објави дека нема намера да се откаже. Неговиот следен натпревар најверојатно ќе биде во Англија.

.