Карате 1 Младинската лига во Венеција нова шанса за престиж

376

Од утре до недела на Карате 1 Младинската лига во Каорле-Венција, Италија, ќе настапат неколку млади каратисти од Македонија.

Да потсетиме дека на Карате 1 Младинската лига во Софија, Бугарија, Фаик Весели го освои бронзениот медал и обезбеди учество на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина, каде што исто така го освои бронзениот медал.

Повеќе каратисти може да се вмешаат во борбата за медали.

Младинската лига се воведе оваа година.

Од Македонија, според пријавите, ќе настапат следните каратисти:

Кадети
Петар Аврамов – кати
Магдалена Божиновска +54 кг
Бојан Костов -52 кг

Јуниори
Владнака Аврамова – кати
Александар Неделковски – кати
Марија Милева -53 кг
Марија Петровска -53 кг
Столе Смилковски -61 кг
Христијан Стојановски -61 кг
Фаик Весели -61 кг

У-14
Михаела Мишовска -42 кг
Матеј Белистојаноски -45 кг
Андреј Ангеловски -50 кг
Ipon.mk