Лулзим Вренези: Борачите имаат голем мотив, Митров е со полесни тренинзи поради повредата!

Danov vrenezi vo teteven

Македонската репрезентација во борење (слободен стил) во состав Деајн Митров, Јасин Реџелари, Бобан Данов, Дејан Богданов и Халил Зубаиров со полна пареа го изведува вториот дел од подготовките во бугарскиот спортски центар „Тетевен“.

Vrenezi samteteven

„За сега се е во ред, тренираме по програмата на бугарската репрезентација. Во кампот има борачи од 12 држави, како од Германија, Романија, Конго, Словачка, Алжир, Косово, Албанија,Молдавија, Швајцарија, од рускиот грда Калининград и домаќинот Бугарија. Во вторник и петок имамвме контролни борби“, изјави за ipon.mk тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези.

vrenezi vo teteven so kamp boracite

Тој истакна дека Дејан Митров тренира полесно паради болката што ја има од повредата, дека полека се саниране со помош на докторот на бугарската репрезентација.

„Вазно е тоа што имат голема мотивација и многу спаринг партнери“, нагласува Вренези и додадава дека во Бугарија ќе останат до 27 август, а до поаѓањето за САД подготовките ќе се одвиваат или во Скопје или во Радовиш.

redezlari teteven

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО