Лука Тодороски освои две сребра на „Дубровник опен“

Лука Тодороски од ТК Чонџи од Косел-Охрид освои две сребра изминатиов викенд  на Меѓународен таеквондо ИТФ турнир „Дубровник опен 2022“ во Дубровник, Хрватска.

Тодороски медалите ги освои во форми зелен појас, јуниори 14-15 години и во борби -55  кг. јуниори 14-15 години.

На турнирот каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24клубови од 6 земји – Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Бугарија и Македонија.

Треба да се нагласи дека Чонџи учествуваше самои со 1 натпреварувач.

„Ова е трето учество на нашиот клуб, воедно и трети  медал за клубот, со што продолжува да се испишува почетокот на историјата на клубот“, велат од клубот.

„Јас и останатите натпреварувачи од клубот ќе се бориме за поголеми успеси со кои ќе се гордее нашата општина Охрид и Македонија“, вели медалистот Тодороски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО