Љубиша Пешко со елитата на борењето во Рио де Женеиро

Ljubisa Peskko vo rio

Обединетото светско борење (ОСБ) на 23 ноември во Рио де Женеиро одржа тренерска обука во слободен стил. На овој семинар присуствуваа тренери од целиот свет, а меѓу нив беше и поранешниот македонски репрезентативец Љубиша Пешко.

 „Во Рио се одржа Виш боречки семинар, со акцент на пријателства и комуникација, на кој беа собрани елитните тренери од целиот свет во борење слободен стил. Обуката, која беше првата активност на ОСБ да се комбинираат тренери на машко и женско борење во слободен стил, составена од претставникот судијската комисија Ибрагим Чичиоглу, кој ја водеше дискусијата за новите правила, наставните анализи и статистички податоци и на душек практчно-техничка работа“, истакнува Пешко, кој посочи дека курсот делумно бил финансиран со грант од Олимписката солидарност и учесниците во посета на Олимпискиот парк, изграден за Олимписките игри во Рио.

rrio seminar
На последниот ден од тридневната клиника, Дејвид Лопез (MEX), ја предводел дискусијата за обука и запознавање за тоа како најдобро да се користат податоците за подобрување на практичните техничко-тактички перформанси на душекот. Област каде што ОСБ се надева дека ќе стане лидер. Потоа, тренерите да се обучуваат по нова платформа и како тоа да се имплементира во индивидуалните програми,

„ Лопез ги подели присутните тренери во групи – да работат на тест случаи.
Тимот анализираше бодување од различни позиции, а нивните повратни информации ги споделија со групата. Ова мислење беше искористено за добивање нови идеи и механизми, за да се создадат и да се анализираат податоците“, истакнува Пешко.

Pesko 3

Тој објаснува дека последниот ден тренерите се состаналле во мали групи да разговараат за подобрување на правилата во борење слободен стил и тековниот календар на натпреварување при ОБС.

„Групите потоа ги презентираа своите идеи како да работиме заедно, за да обезбедиме повратна информација до различните боречки комисии“, нагласи Пешко.

seminar vo rio site

Нашиот тренер планира, во соработка со Федерацијата за боречки спортови на Македонија, да одржи семинар во Македонија. На семинарот на тренерите и борачите ќе и биде пренесена платформата за работа предадена од ОСБ и развивањето на квалитетни и атрактивни техничко-тактички елементи во слободниот стил, како и користењето на статистички податоци и анализа на борбите и противниците.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО