Лончар не се сеќава како го нокаутирал судијата, сепак го ослободија од притвор

Загребскиот Жупански суд го отфрли обвинението за младиот боксер Видо Лончар, на кого му беше изречена мерка притвор во траење од еден месец во понеделникот ноќта по поразот на Европското првенство во Загреб, кој нападна и тешко го повреди полскиот судија Мацие Џјургота.

screenshotboksnokaut boks

 Од обвинувањата дека полскиот судија му нанел тешки телесни повреди, Лончар ќе се брани од слободата, така одлучи истражниот судија. Тој смета дека нема потреба да се затвори, иако се соочува со обвинение за предизвикување на тешки телесни повреди.

 Таквата одлука е донесена бидејќи боксерот е млад човек кој претходно е без криминално досие. Втора олеснителна околност е таа дека не постои закана да влијае на сведоците од слобода, што е најчеста причина за притвор.

 Неофицијални извори тврдат дека суспендираниот боксер не се сеќавал на целата афера. Тоа се должело на тоа што тој во текот на борбата добил многу удари, затоа и тој морал да се побара медицинска помош и да направи невролошки преглед .

 Ретко забележан инцидент на спортските терени се случи во понеделникот вечер во Загреб на Европското првенство за боксери во јуниорска конкуренција. Хрватскиот репрезентативец во категоријата до 81 килограм, поразен со технички нокаут во втората рунда од Литванецот Агридас Баниулис, пред да се прогласи победникот, со удар во главата го нокаутираше судијата Мацие Џјургота, испружен на подот доби уште седум удари од Лончар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО