33 издание „Никола Грдановски-Нике“ во Автокоманда

Утре по 33 пат ќе се одржи, еден од најстарите карате турнири во нашата земја, „Никола Грдановски-Нике“ во скопската населба Автокоманда.

Иво Цветковски-Металург
Иво Цветковски-Металург

За разлика од другите турнири во земјава, на турнирот во Автокоманда има и сениорски борби. Се очекува од 300-400 каратисти да земат учество во повеќе возрасни и тежински категории. Организаторот на турнирот, КК Металург, очекува квалитетни борби и присуство на голем дел од сениорите од нашите клубови, најверојатно, без оние што се подготвуваат за Светското првенство во Германија.

ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО