Ломаченко се враќа (ФОТО)

Поранешниот шампион во лесна категорија Васили Ломаченко е подготвен да се врати во рингот во 2021 година.

Украинецот во последната борба наесен со Теофимо Лопез загуби и се раздели со појасите. Поради младиот бран во категоријата, врвниот тренер Дерик Џејмс дури го отпиша Лома од идните мечеви за титулите, но „Матрикс“ покажа дека коментарите не му пречат и дека е подготвен за акција.

„Се вратив од матрицата. Не можам да слушнам што зборуваат“, напиша Лома на фотографијата што ја сподели на Инстаграм.

Неколку дена претходно, во друга објава, Украинецот рече дека едвај чека повторно да велзе во рингот во 2021 година.

„Сам си го чувам грбот, нема место за сомнеж! 2021-ва, немам трпение“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО