Ли Селби стана светски шампион!(ВИДЕО)

Li Selbi

Ли Селби (Велс) ја освои титулата на Меѓународната боксерска федерација во перо категорија. Тој покажа одлични вештини против непоразениот шампион до момнетов, Евгени Градович -рускиот Мексиканец (Русија).

Првите неколку рунди беа доста лежерни, но постепено Велшанецот почна да ја наметнува својата борба. Средбата беше прекината во осмата рунда поради повреда на аркадата над окото на Градович. Раната се отвори по удар со глава. Затоа победникот беше решен од моменталните резултати во картоните на судиите. Селби водеше убедливо во нив и така ја забележа 21 победа (9 со нокаут) и само еден пораз.

https://youtu.be/H86hmDFuqiA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО