Лазаревски: „ПН метал“ на МТТФ го трасаираше патот до светскиот пиедестал

Во Астана-Казахстан од 18 до 26 август се одржа Светско таеквон-до ИТФ првенство, на кое учествуваше репрезентацијата на МТТФ под водство на Марјанчо Лазаревски, поранешен светски вицешампион Прага 1996, на кое Христијана Парулеска освои бронзен медал во борби за јуниори.

„Успехот на нашата репрезентација не е случаен!“, вели претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски, и додава: „Туку, долгогодишната поддршка,вложувања и труд на нашиот генерален спонзор „ПН метал, верувајќи во нас, континуирано последните 10 години не туркаат во нови победи и успеси. Генералниот спонзор „ПН метал“ е најзаслужен за сите наши успеси, веруваа во нас кога никој не веруваше, подавајќи ни рака и овозможувајќи на сите наши натпреварувачи шанса за  учество на сите натпревари ширум Европа и светот. Постигнаа голем број на државни и меѓународни успеси, како што е и последниот успех од Светско таеквон-до ИТФ првенствово во Астана-Казахстан, со кои се гордее цела Македонија.

Можеме да кажеме дека е повеќе од успешен настапот на МТТФ на Светското таеквон-до ИТФ првенство во Астана на кое учествуваа над 1000 натпреварувачи од 83 земји, а на кое настапивме со тројца натпреварувачи во две дисциплини форми (борби со замислен противник) и спаринг борби“.

Лазаревски истакнува дека имаше натпревар и за најдобра слика во текот на подготовките за Астана.

Репрезентацијата на Македонија, односно на МТТФ беше претставувана од:

ДАВИД КРСТЕСКИ             

5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан, победи претставници на Хондурас и Бугарија, додека во 1/4 финале е оштетен од судиите, во корист на претставникот од Аргентина.

ЕЛЕНА ЈАНЕСКА

5 место

Во спаринг –борби,јуниорки 16-17 години, пславеше против претставничката од Узбекистан, додека во 1/4 финале беше оштетена од судиите во корист на претставничката од Русија, која е прва во нивната категорија.

Второ место за најдобра слика ,во конкуренција од над 500 слики од светот. Наградата лично и ја додели награда (добок и ранец),директорот на „Дае до“, генерален спонзор на ИТФ.

ХРИСТИЈАНА ПАРУЛЕСКА

3 место

Во спаринг –борби, јуниорки 14-15 години, ги победи претставничкита на Русија и Канада, а во 1/2 финале против натпреварувачка од Грција, иако водеше 4-1,  мораше да ја предаде борбата заради повредата од 1/4 финалето. „Така ни избега и златото, кои сме сигурни дека ќе го земеше, доколку не се повредеше“, вели Лазаревски.                                                                                                             5 место

Во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан, победи над претставничките од Монголија и Русија.

Лазаревски изрази најголема благодарност до денералниот спонзор „ПН метал“, кој е најзаслужен за сите нивни успеси и квалитетот на репрезентативците. Потоа искажува огромна благодарност на Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид за безрезервната подршка, и сите медиуми, портали, кои верно ги подржуваат, се радуваат на нивните успеси и и даваат мотив за уште поголеми успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО