Лара се справи со Мартиросјан (ВИДЕО)

lara - Kuba

Ерисланди Лара (Куба) ја одбрани титулата на Светската боксерска асоцијација во полусредна категорија. Тој се сретна во реванш мечот со Ванеса Мартиросјан (САД). Средбата во Лас Вегас беше решена на поени.

Поранешниот капитен на кубанскиот национален тим блескаше во рингот со својата подвижност и технички вештини. Американецот се обиде да возврати со агресивност и моќ, но не успеа да го погоди Лара.

Ова беше 22 победа (13 со нокаут) за Лара. Тој има два порази и две нерешени средби. Мартиросјан го забележа вториот пораз, а има 36 победи (21 со нокаут) и 1 нерешена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО