Џозеф Паркер: Правев многу грешки ( ВИДЕО)

Dzozef parker

Џозеф Паркер стана официјален кандидат за титулата на Меѓународната боксерска федерација во тешка категорија. Новозелаѓанецот извојува тешка победа на поени против Камерунецот Карлос Такам и ја продолжи својата победничка серија.

По средбата талентот беше многу возбуден.

„Сакам да му се заблагодарам на Господ за победата. Тренирав многу јако, а Такам беше доста силен. Знаев дека ќе биде тешко. Требаше да го покажам најдоброто од себе. Мојот тренер ми даваше инструкции кога правев грешки, а тие не беа малку“, рече паркер.

Паркер ќе го почека победникот од средбата меѓу шампионот Ентони Џошуа и предизвикувачот Доминик Бризил. Мечот е закажан за 25 јуни. Ако му се наместат коцките на Новозеланѓанецот, тој има шанса да се бори за титулата во октомври.

https://youtu.be/QZjTgCb5D7I

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО