Лани го скрши Џошуа, а сега имаше фудбалско деби за украински второлигаш (ВИДЕО)

Украинскиот боксер Александр Усик на крајот на септември минатата година на спектаклот во Лондон го победи Ентони Џошуа за појасите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

И додека го чека реваншот во рингот против Британцот, Александр покажа дека има талент и за другите спортови.

Имено, Усик имаше фудбалско деби за украинскиот второлигаш Полесју од Житомир. Тој влезе како замена во 75 минута на пријателскиот натпревар против Верес Ривне на турнирот кој се игра во Анталија.

Неговиот тим на крајот победи со 2-1. Усик во последните моменти беше во прилика, но во последен момент со прекршок е спречено додавање.

Светскиот боксерски шампион наскоро би требало да им се врати на сериозните тренинзи, особено откако и официјално ќе биде објавен датумот на неговиот реванш против Џошуа, а се шпекулира дека тоа би било во април или мај.

Неодамна беше споменато дека Џошуа би можел да се откаже од реваншот, а потоа Усик ќе добие шанса да се бори против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури за обединување на титулата. Тој меч се уште дефинитивно не отпаднал, иако е се подалеку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО