Рајан Гарсија договори меч со непоразен боксер со 32 победи во низа

Раан Гарсија (21-0, 18 КО) не е во рингот повеќе од една година. Американскиот боксер последен пат се појави на 2 јануари минатата година кога со технички нокаут го победи Британецот Лук Кембел.

Непоразениот 23-годишен Кинг Рај конечно го договори својот следен настап за 9 април кога во Сан Антонио ќе боксира против десет години постариот Емануел Тагое (32-1, 15 КО).

За борецот од Гана тоа ќе биде најголемиот меч во кариерата и прв по ноември 2020 година.

Тагое има 32 победи во низа, а на почетокот на професионалната кариера загуби само еден меч.

Во последната борба го победи Американецот Мејсон Менард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО