Стрикленд го совлада Хермансон на УФЦ Фајт најт 200

Американецот Шон Стрикленд во главната борба на настанот УФЦ Фајт најт 200 во Лас Вегас го победи шведско-норвешкиот борец Џек Хермансон со поделена одлука на судиите.

Стрикленд беше подобар во сите пет рунди, но предност доби само кај двајца судии (49-46 и 49-48), додека судијата Сал Д’Амато му даде водство на Хермансон (48-47).

Борбата најмногу се водеше на нозе во која Шон ги покажа своите вештини за удирање и во тоа го надмина Џек. Стрикленд кој одлично се бранеше од соборувањето на Хермансон.

Американецот ги искористи своите вештини за да го надмине Хермансон и да стигне до шестата победа во низа, 25-та во кариерата.

По мечот го прозва победникот во претстојната борба за титулата во средна категорија меѓу актуелниот шампион Израел Адесања и Роберт Витакер.

Ник Максимов во коглавната борба со поделена одлука на судиите го победи Пунахеле Соријано. Непобедениот штитеник на браќата Дијаз на тој начин стигна до осмата победа во кариерата.

Но, Максимов требаше да се намачи против Соријан, кој го имаше вториот пораз во низа.

Пунахеле подобро влезе во мечот, но како што борбата напредуваше, Ник ја презеде иницијативата, потпирајќи се на вештините за борење и граплинг за да го сопре секој обид на неговиот противник да ја преземе контролата.

Резултати од УФЦ Фајт најт 200:
Шон Стрикленд – Џек Хермансон – поделена одлука (49–46, 47–48, 49–46)
Ник Максимов – Пунахеле Соријано – поделена одлука (28-29, 30-27, 29-28)
Шавкат Рахмонов – Карлстон Харис – КО, Р1 (4:10)
Брендан Ален – Сем Алвеј – завршница (давење од позади), Р2 (2:10)
Брајан Битка – Тресеан Гор – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Џулијан Ероса – Стивен Петерсон – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Џон Кастањеда – Мајлс Џонс – тех. зав. (гушење со рачен триаголник), Р3 (1:38)
Хаким Даводу – Мајкл Тризано – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Чиди Њокуани – Марк-Андре Барио – КО, Р1 (0:16)
Алексис Дејвис – Јулија Столијаренко – едногласна одлука (29-27, 29-27, 30-27)
Жаилтон Алмеида – Данило Маркес – ТКО, Р1 (2:57)
Филип Роу – Џејсон Вит – ТКО, Р2 (2:15)
Малколм Гордон – Денис Бондар – ТКО, Р1 (1:22)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО