Пења: Хабиб ми го скрши срцето

Шампионка во петел категорија Хулијана Пења е меѓу најголемите фанови на Хабиб Нурмагомедов. Неодамна „Орелот“ зборуваше за победата што ја забележа Пења над Аманда Нунеш. Кон крајот на минатата година, Хулијана ја натера Нунеш да се предаде и да го шокира светот.

Пења беше огромен аутсајдер на мечот, но, и покрај тоа, победи наспроти коефициентите. Сепак, Хабиб не бил импресиониран и рекол дека Пења не е меѓу најдобрите кај жените. Тој верува дека има 5 или 6 жени во ММА кои се навистина добри во кафезот.

Хулијана гостуваше во подкастот на Џо Роган и му даде забелешка на Хабиб.

„Видов во медиумите дека на Хабиб му поставија прашање за мене. Тој едноставно ја омаловажуваше целата моја победа и се останато. Тотално ми го скрши срцето.

Другар, ми го кршиш срцето, човеку. Те сакам многу. Сериозен си ? Веројатно е пријател со Кајла Харисон или нешто слично. Не знам. Тој ги кажа овие работи со тон на потсмев.

Тој велеше дека ако ова е врвот на женската ММА, тогаш е смешно. Сакам да кажам дека неговиот говор не беше многу добар. Хабиб, тоа не ми се допадна“, рече Пења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО