Хабиб Нурмагомедов: Мејведер-Мек Грегор беше лажна броба

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, го коментираше боксерскиот меч меѓу легендата Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор. Во 2017 година, поранешниот двоен шампион на УФЦ излезе на рингот против Мејведер во битка од повеќе милиони долари.

На средбата Мек Грегор изненади многу луѓе и не се претстави лошо. Сепак, во 10-тата рунда беше нокутиран. Тоа не беше важно, бидејќи битката го направи Мек Грегор милионер, а заработи околу 100 милиони долари.

Неодамна се дозна дека УФЦ собра 50% од платата на Мек Грегор. Нивната боксерска борба продаде 5.307.000 платени гледања, што тешко дека ќе се повтори во боречките вештини.

Во еден од последните настапи во американските медиуми, Нурмагомедов за овој боксерски меч го кажа следново:

„Тоа беше историски настан, бидејќи се сретнаа шампионот во ММА и шампионот во бокс. Многумина дури и не се сеќаваат што се случи во борбата. Беше како спаринг.

За мене тоа воопшто не беше вистинска борба, бидејќи Мек Грегор не може да се нарече боксер. За мене тоа беше повеќе лажна борба. Ова е само мое мислење.

Она што се случи меѓу Мек Грегор и мене беше реално. Сè што се случуваше пред борбата, внатре во и по битката беше реално“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО