Кумите тимовите паднаа пред силните Шпанија и Италија на ЕП

Синоќа настапија машкиот и женскиот тим во борби на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, и беа поразени од силните екипи на Шпанија во машка и Италија во женска конкуренција.

Ако некоја од овие две репрезентации се пласира во финалето, тогаш нашите репрезентативни тимови ќе добијат шанса во репасажот.

Најдобар пласман од македонските натпреварувачи забележа Симона Зборска која во категоријата до 55 килограми го освои седмото место.

Резултати
Мажи
Македонија – Шпанија  1-3

Жени
Македонија – Италија 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО