Кумановецот Никола Ангеловски освои сребрен медал на „Германија опен“

 

Никола Ангеловски е во црвената маичка

Никола Ангеловски го освои сребрениот медал во У-21 до 69 килограми на Меѓународниот џиу џицу турнир „Германија опен“ во Гелзенкирхен, како член на КСЦ Ханау.

Кумановецот Никола Ангеловски со прекин ги совлада Адам Шмит од Шведска, Михаи Томпи од Романија. Во полуфиналето се сретна со Белгиецот Жан Григори Шарли, при што му направи предност до 7-0. Потоа противникот му направи лост, но со голема сила му ја рашири раката и му нанесе тешка повреда. Точниот резултат треба да го утврди Спортската комисија. Шарли е дисквалификуван, а Ангеловски се најде во финалето, каде што се сретна со Адријан Шмит од Австрија, против кого Никола Ангеловски никогаш не изгубил. Сепак, повредата го оневозможи да се бори за златниот медал.

Тимот на Ханау освои пет медали – 2 сребрени и 3 бронзени.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО