Федор: Уште колку ќе се борам? Наскоро ќе одам со патерици…

Само неколку дена до големата полуфинална пресметка на Гран прито на Белатор во тешка категорија меѓу Федор Емилијаненко и Чаел Сонен. Борбата е закажана за 13 октомври, а победникот ќе оди во финалето, каде штого чека подобриот од мечот Митрион – Бадер.

Гостувајќи во популарната емисија „The MMA Hour“, Федор откри неколку интересни информации во врска со неговата кариера. Запрашан што ќе му значи победата легендарниот Русин и за многу ММА цар одговора:

„Што ќе значи победата з амене? Победата ми овозможува пред се да одам чекор понатаму – во финалето! Пред се ја претставувам мојата земја, ја претставувам мојата вера … Во овој момент сум единствениот руски претставник во ова Гран при. Од Чаел очекувам да се бори жестоко, но да се бори поштено и со чест.

Ви смета ли „валканото зборување“ по кое е познат Американскиот гангстер?

„Не ми е гајле за што зборува Чаел. Таквите работи не доаѓаат до мене, дури и не размислувам за нив. Валканото зборување никогаш не влијае на тоа како се чувствувам, во моето расположение. Мислам дека ова е нешто за што не треба ни да размислуваме“, вели поранешниот шампион на Прајд.

Неизбежна тема кога станува збор за Емилијаненко е крајот на кариерата со обѕир дека веќе е 43 години. „Последниот император“ тврди дека се уште нема разработени планови, а многу од тоа ќе зависи од мечот против Сонен.

„Не сум размислувал што може да се случи во вториот полуфинален меч меѓу Бадер и Митрион. Но, сè ќе биде појасно кога ќе заврши моето полуфинале. Ако победам, можеби би го сакал Митрион, за да стигнам до шансата за реанш“.

„Уште колку ќе се борам? Онолку колку ќе дозволи Бог. Наскоро ќе одам со патерици“, заклучува борецот кој во ММА кариера тргна во далечната 2000 година, а досега одработи 43 професионални двобои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО