Култура на здрaвото живеење

sklek

Современиот човек соочувајќи се со модернизацијата, автоматизацијата и техничкото усовршување неминовно и неизбежно ги чувствува последиците од недоволната и намалена физичка активност (хипокинеза), кое директно или индиректно се рефлектира на неговото здравје, работна способност и целокупно расположение.

Со тек на времето станува свесен за настанатите состојби па плански или неплански гледано низ аспектот на физичката култура се обидува да инкорпорира разни начини, облици и форми на физичка активност кои со текот на времето би преминале во т.н. „култура на здраво живеење“. Научните работници преку правилната и навремено усмерена мисла се  најповиканите кои треба да го имплицираат патот кон правилен избор, соочување, научен пристап, програмирање и примена. Создавајќи стандардизирани норми кои би биле лесно достапни, општо прифатливи, применливи и модифицирани спрема тековниот тренд. Практичните примери мора да бидат поткрепени со здравствените ефекти, рекреативното задоволство, усовршувањето на правилниот естетски изглед, како и психолошката стабилност која многу недостасува при разни секојдневни стресни инхибиции и незадоволства. Сите споменати појави позитивно би биле имплементирани само доколку ентитетите плански и систематски се насочат, со тоа што во прво време би станало збор за тренд и мода, додека понатаму би преминало во потреба и стил на здраво и правилно живеење. Низ филтрите на воспитно образовниот процес треба да се исфилтрира до почеток на традиција на култура на здраво живеење, нормално гледано низ призмата на физичката култура, поаѓајќи од основното мото „здрав живот во здрава средина“. Ова подразбира покрај чиста еколошка средина, создавање и атмосфера на спортско – рекреативно практикување и однесување. Ова би подразбирало користење на сите расположиви средства и цели во интерес на здравото и правилното живеење и информирање, како и создавање на предуслови и услови за практична примена, преку разни форми на посети и запознавање со одредени дејности, природни убавини, планинарски тури и центри за релаксација и рехабилитација, а спротивно од тоа одрекување од несаканите пороци поврзани со хулиганството, алкохолот, дрогата и цигарите.

orevi-bademi-i

Научните работници генератори на културата на здравото живеење

Улогата на научната фела претставува основниот двигател во позитивното афирмирање на културата на здравото  живеење.

Самиот термин составен е од три комплексни поими култура – здравје – живот.

Овој спој од испреплетени временско-стилско-животни врски и нивната неопходност за понатамошно целисходно одржување е една од примарните задачи на научното опсервирање и предикција на позитивното влијание.

 Придобивките од научните истражувања и толкување кои во светски рамки се огромни се огледаат во тоа што извлечените заклучоци допринесуваат за масовно прифаќање и применување на начините и методите на современата култура на здраво живеење.

Потрагата по адекватни плански – систематски – програмирани – програми, како и нивното квалитетно адаптирање, усовршување и имплементирање во системот на едукацијата и образованието на младите претставува  еден од приоритетите на сегашните и идни истражувачи. Правилното насочување и примената на културата на здравото живеење во голема мерка допринесува за здрава популација, поквалитетни човечки ресурси, од секој аспект: здравствен, работно способен, производствен, интелектуален, одбранбен итн.

Во тој контекст предлагаме едногодишна проектна задача, изборна програма за млади кои се немаат определено за некој спорт, но го сакаат спортувањето. Инаку, предложената програма претставува модификација на словенската, а адаптирана на скопските услови и можности, инаку вакви слични проекти наоѓаат широка примена низ развиените европски земји.

Kristijan i Zatkoski Alekasandar na bazen

 Спорт, рекреација и услуги

 Пливање (базен), Олимписки или Карпош,  6 часа.

 Велосипедизам, организирано возење по обележани велосипедски патеки (покрај кеј), 4 часа.

Користење на рекреативни или спортски патеки (Железара трим патека или Градски  парк), 6 часа.

Фитнес 4 часа, сопствени фитнес сали или посета на фитнес клубови.

Пилатес (систем од физички вежби создадени од Јозеф Пилатес ) 2 часа.

– Посета на голф клуб, Зајчев рид, 2 часа.

– Тенис на отворено – спортски парк или во сала 4 часа.

– Организирани еднодневни планинарски тури Водно, Скопска Црна Гора, посета на туристички центри, 12 часа.

– Посета на клубови кои се занимаваат со тимски спортови – фудбал, кошарка, одбојка (спортски парк,сала Борис Трајковски), 6 часа.

– Посета на коњичкиот клуб „Илинден“ во Хиподром, 4 часа.

Центри за термо терапија и релаксација

– Посета на Катлановска бања, 4 часа.

 – Посета на центри за релаксирање (сауни и масажи), 2 часа.

Ronda gola

Центри за убавина

– Посета на  центри за убавина, 1 час.

Медицински надзор

– Откривање на знаци за стареење – превентива посета на  медицински центар – 1 час.

Тело терапија – 1 час.

Ревматични болести -1 час.

– Повреди на локомоторниот апарат, хипертензија, дијабет и обеситас, модерни болести на денешницата, гастроинтестинални заболувања, невролошки болести и кожно – венерични болести посета и едукација во Здравствениот дом Скопје, 8 часа.

 Здрава исхрана – предавање – 4 часа.

Како заклучок, можеме да ги сведеме на неопходноста од прокламирање, фаворизирање, заинтересираност и масовност, како би се создале услови за пристап кон стандардизирани превентивни промени во полза на примени на разните програми на културно здраво живеење во услови на здрава средина и позитивен здрав дух.

Значењето на ваквиот начин на живеење на неспортистите ќе им овозможи во своја корист да си го подобрат антрополошкиот статус во секој поглед од секоја гледна точка.

Таквата состојба ќе им овозможи превентива од здравствен, работноспособен, психолошки и секаков вид и карактер.

Профдр  Кенан Асани

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО