Мечот Головкин – Џејкобс се одлага за 2017 година

genadi-golovkin

Светскиот шампион во бокс во средна категорија, Генади Головкин и предизвикувачот Дени Џејкобс нема да се сретнат на 10 декември, како што се надеваа многумина.

Сепак, се очекува мечот да се одржи раната фаза на 2017 година. Ова беше објавено од промоторот Том Лоефлер кој менаџира со K2 промоушнс.

„Се уште преговараме со Џејкобс. Го одредивме 10 декември во Медисон сквер гарден, но бидејќи се уште немаме договор, не беше реално да се задржиме на овој датум. Ќе се обидеме се да договориме што е можно поскоро, избирајќи нов датум за следната година“.

Генади Головкин ги одбрани светските титули против Британецот Кел Брук во Лондон пред повеќе од еден месец, а за Казахстанецот тоа беше 36 победа по ред од 36 излегувања на рингот.

Даниел-Дени Џејкобс „редовниот“ шампион во средна категорија во верзија ВБА, кој е во серија од 12 последователни победи, откако во 2010 загуби од Русинот Дмитри Пирог. Во последниот дуел Џејкобс забележа победа со технички нокаут над Серхио Мора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО