Кро Кап се „тркала“ со Кро Кап јуниор (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ малку по малку го добива својот наследник. И тоа во семејството! Легендарниот хрватски борец неодамна објави видео на официјалниот Фејсбук профил во кое во неговата сала Гајница „се тркалаат“ со неговиот син Иван.

Двоецот во 3 минути акција поминуваат многу техники на партер, а Кро Кап јуниор демонстрира многу добри боречки и БЏЏ квалитети. Од поминување на гардот, доаѓање во доминантна позиција, па се до разно-разни завршетоци.

Ќе тргне ли и синот Филиповиќ по боречки патеки на татко му, сега за сега не е познато. Но, според виденото на видеото, има голем потенцијала. А има од кого и да научи.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/videos/1579999502044741/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО