Италија ја победи Македонија на Европското карате првенство

Македонската карате репрезентација е поразена од Италија со 2-0 на Европското првенство во Коџаели, Турција, во екипниот дел.

Ова беше меч  од второто коло, а во составот на нашата репрезентација се Жарко Арсовски, Берат Јакупи, Виктор Кртсевски, Мартин Несторовски, Емил Павлов, Енес Самилагиќ и Петар Заборски.

Потоа екипата на Италија во дербито со Франција беше поразена со 0-3, така што изостана можноста преку репасаж да се дојде до подобар пласман и најмалку бронзен медал.

Женската репрезентација треба да се бори со Украина.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО