Кро Кап пред мечот на Ризин: Стипе по нокадунот покажа дека е врвно подготвен и силен

kro-kap-trening

Мирко Филиповиќ во недела во Саита супер арена се бори во првиот круг на Ризин Гранд при.

42-годишниот Кро Кап верува дека неговиот прв противник, 190 сантиметри високиот и 115 килограми тешкиот Кореец Хјан Ман Мјунг својата шанса ја побара во борба во стоење и ќе се обиде да го избегне партерот.

„Има пет борби во ММА, многу е неискусен. Класичен К1 ударач. Ако има можност ќе го фрлам на партер и ќе го завршам. Тука сум многу поискусен и ако одиме на подот, за брзо време борбата ќе забрши“, рече Филиповиќ за Нова ТВ.

Кро Кап и Вондерлеј Силва досега се најискусните учесници на турнирот.

„Не би рекол дека којбило е фаворит на Гран-прито. Би исакнал еден млад Литванец (Аукстуолис), одличен борец, па и Чехот Прохаска е многу добар. Исто така и Иренацот Али Акбари, двократниот светски шампион во борење“.’

Го прокоментира и нокаутот на Миочиќ против Алистер Оверем.

„Стипе рутински одарботи. Кога борец, онака како него ќе стане од нокдаун, тоа е показател дека е врвно подготвен и силен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО