Кро Кап го угости сопственикот на ОНЕ и му покажа како правилно да изведе лоу кик

Сопственикот на ОНЕ Шампионатот Чатри Ситиодтонг деновиве престојува во Загреб, Хрватска, каде учествуваше на прес-конференција по повод трансферот на Солдиќ на азиската ММА промоција.

Првиот човек на ОНЕ истакна дека Роберто може да стане најголемиот во историјата.

„Во нашата промоција, борецот може да биде шампион во различни дисциплини во боречките вештини и може да создаде фантастично наследство. Доколку Роберто успее да го направи тоа, ќе и донесе голема слава на Хрватска“, истакна Чатри Ситиодтонг.

Хрватската легенда на боречките вештини Мирко Филиповиќ беше домаќин на првиот човек на сингапурската организација.

А покрај пријатното дружење на терасата од својот дом во Борчец, Кро Кап на својот гостин му објаснил и како правилно да изведе лоу кик.

Томи Дијаковиќ на својот Инстаграм објави видео од Мирко како му дава инструкции на Ситодтонг.

Фокусерот го држеше Иван Дијаковиќ, а Мирко ја покажа правилната техника. Првиот човек на ОНЕ го впива секој совет од хрватската легенда.

Видеото погледнете го ТУКА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirko Filipović (@crocop1009)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО