Андреј Арловски ја договори својата 39-та борба во УФЦ

Белорускиот борец, 43-годишниот Андреј Арловски (34-20, 2 НЦ), ја договори својата 39-та борба во најголемата светска ММА организација.

Арловски моментално е во серија од четири победи и ќе бара уште една на 29 октомври на УФЦ Фајт најт 213 против Бразилецот Маркос Рожери де Лима.

Последниот настап бразилскиот борец го имаше во мај против Бугаринот Благој Иванов, кого го победи со едногласна одлука на судиите.

Арловски има помал успех од април минатата година, а во последниот меч со поделена одлука го совлада Американецот Џејк Колиер.

Последниот пораз го претрпе минатиот февруари кога Том Аспинал го победи со сабмишн.

Доколку го победи противникот во следниот настап, повторно ќе се израмни со Џим Милер на врвот на листата по бројот на победи во УФЦ. Милер моментално има 24, а Арловски 23 победи.

На програмата на настанот УФЦ Фајт најт 213 би требало да има борба меѓу Едсон Барбоза и Илија Топурија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО