Боб Арум: Фјури ќе се пензионира, но само откако ќе ги собере појасите

Извршниот директор на Топ ранг, Боб Арум, верува дека шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0) ќе се врати во рингот.

„Џипси Кинг“ чека да види што ќе се случи во втората пресметка меѓу Александар Усик (19-0) и Ентони Џошуа (26-2). Тие ќе се борат на 20 август во Саудиска Арабија. Фјури го нокаутира Дилиен Вајт (28-3) во шестата рунда во неговата последна борба, која се одржа во април во Лондон, Велика Британија.

Тајсон тогаш најави дека се повлекува од боксот, но Арум не се согласи. Боб верува дека Фјури нема да остави недовршена работа и ќе се врати да ги собере сите појаси.

„Фјури ја стави својата кариера во мирување. Го чекаме реваншот меѓу Усик и Џошуа. Сигурен сум дека Фјури ќе сака да се бори со победникот од оваа борба, без разлика кој ќе победи.

Мислам дека Фјури конечно нема да ги закачи ракавиците додека не го добие статусот неприкосновен шампион во тешка категорија.

Малку е веројатно дека ќе замине оставајќи незавршена работа“, рече Арум во интервју за Фајтхип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО