Кро Кап го одработи мерењето за пресметката со Косака (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ го одработи мерењето за утрешната битка на настанот на Ризин во Саитама супер арена.

43-годишниот хрватски борец и неговиот четири години постариот противник Јапонецот Цујоши Косака ја одработија обврската за настанот на кој, меѓу другото, ќе се одржи и завршницата за Големата награда во бантам.

Филиповиќ имаше 110,2, а Косака 101,7 килограми.

Кро Кап е во низа од 7 победи, додека TK 1-1 од враќањето по речиси десетгодишната пауза.

По мерењето, Кро Кап рече неколку формални реченици.

„Мојата победа на Гран-прито во отворената категорија минатата година беше голема работа во Хрватска. Сите ја гледаа борбата на телевизија и гледаноста беше навистина беше голема. Среќен сум што сум без повреди и поздрав од кога и да е порано. Се чувствувам ментално и физички моќно“ рече 43-годишниот Кро Кап.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON