Нгану му се закани на Миочиќ: Знаеш ли што ќе се случи кога ќе те удрам!

Најголемите и најопасни борци на УФЦ синоќа имаа прес-конференција пред УФЦ 220 во Лас Вегас. Стипе Миочиќ и Френсис Нгану ќе се борат за титулата во тешка категорија во јануари.

Миочиќ почна да одговара на прашањата и веднаш покажа почит кон својот противник.

„Френсис е одличен борец. Тој има неверојатна моќ, голем атлета и е многу крупен, дури и за тешката категорија. Дефинитивно ги покажува сите вештини кои се потребни за да биде на врвот“.

Кога беше запрашан за бруталниот нокаут на Нгану над Алестер Оверем на УФЦ 218, Миочиќ повторно одговори смирено.

„Беше добар. Победи. Не беше лесна битка. Најслатки се оние победи кога победата се постигнува брзо. И се враќаш дома без лузни“.

Реакцијата на шампионот предизвика уште едно прашање, а одговорот беше првата закачка меѓу нив.

„Не, затоа сум во игра“, рече Миочиќ кога беше запрашан дали е исплашен од Нгану. „Зошто да се плашам од друго лице? Има причина што сум шампион“.

Потоа се приклучи Нгану:

„Не лаже, Стипе.

Мислам дека ќе се обидеш да преживееш. Што и да се обидеш, ќе те фатам, а потоа ќе ти зададам удар. Знаеш што ќе се случи кога ќе те погодам“.

Очигледно е дека Нгану е исклучително уверен во себе пред битката со шампионот. Но, да не го потценуваме Миочиќ. Сепак, тој забележа убедливи победи во последните 5 дуели и е еден од најпрепознатливите шампиони во историјата на тешката категорија на УФЦ, бранејќи ја титулата три пати по ред.

Ќе дознаеме што ќе се случи на 20 јануари на УФЦ 220.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО