Душан Чимев го нокаутираше Бурим Рама, но судиите гледаа само еден победник

Kикбоксерот Душан Чимев беше пресилен за противникот Бурим Рама за светската титула  на ИФЦ синоќа во Фезирај /Урошевац, Косово, го нокаутираше уште во првата рунда, но не можеше да се бори и против судиите. Не сакајќи да гледа ваква неспортски игри во и околу рингот неговиот тренер и наш голем кик бокс ас, Иле Ристески ја прекина борбата.  

Чимев од КБК Горила се бореше за светската титула на штотуку промовираната организација на овие простор СПФ промоција во категоријата до 78 килограми. Инаку Рама има настапувано и во Глори, а се претставува од Шведска, иако потеклото му е од тука.

„Веќе во првата минута титулата требаше да биде во наши раце, затоа што Бурим беше во нокдаун повеќе од 30 секунди, како што може да се види на видеото. По сите светски стандарди во бокс и кик бокс ова се квалификува како класичен нокаут. Борецот паѓа од удар во слободен пад, па потоа станува и паѓа наназад уште еднаш. Секој судија би го заштитил неговото здравје и би ја прекинал борбата. Но, косовскиот судија практично го креваше и го масираше борецот. И, што е најтрагично, му дозволи да продолжи. Потоа видовме едно неспортско однесување од страна на Бурим Рама со удирање по стоп. Со влечење и недозволено фрлање и при едно такво неспортско однесување со ракавицата му ја расече аркадата на Душан. Веднаш без размислување на средината на втората рунда ја прекинав борбата, бидеќи видов дека таму на спортски начин нема шанси да ни ја дадат победата. Во мојата кариера имам повеќе од 50 борби имам, во Косово во бокс, кај големата боксерска легенда Азис Салиху…никогаш победа не ни била одземена, ама никогас! И кога судиите сакале да ни ја одземат победата тогас Азис не го дозволил тоа. Еве ја снимката па сите познавачи на боречките вештини нека пресудат дали Бурим Рама се посрамоти.. Да бев јас на негово место самиот би го донел појасот и би го ставил на Душан Чимев“, вели Иле Ристески.

https://www.facebook.com/ileboxer/videos/10209327467018255/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО