Крафорд со убедлива изведба против Хорн ја освои светската титула (ВИДЕО)

Теренс Крафорд (33-0, 24 КО) со прекин во Лас Вегас го порази Џеф Хорн (18-1-1, 12 КО) и ја освои титулата на ВБО во велтер категорија која тој претходно ја освои со контроверзна одлука на судиите против Мани Пакијао.

30-годишниот Американец кој доминираше во сите рунди на борбата го принуди судијата на прекин во 9-тата рунда, откако Австралиецот претходно имаше броење.

Крафорд со тоа стана светски првак во третата тежинска категорија.

Претходно беше светски шампион во лесна и неспорен светски шампион во суперлесна категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО