Фјури: Вајлдер, Џошуа, Паркер, сите тие се исто срање, како и Сефери

По повеќе од 920 дена истиснување Тајсон Фјури (26-0, 19 КО) се врати на рингот минатиот викенд во Манчестер.

Враќањето не по желба на љубителите на боксот, бидејќи неговиот противник, 30 килограми полесниот Сефер Сефери (23-2, 21 КО) во целосна неусогласеност го предаде мечот по четвртата рунда.

За тоа време имаше многу малку борба, бидејќи сериозно почнаа да се борат дури во третата рунда.

„Така е како што е. Прими неколку тешки удари и му рече на својот агол да не го испраќа во петат рунда. Се чував петата, затоа што реков дека ќе го нокаутирам во петата рунда. Бев добро подготвен и спремен и многу среќен со својата изведба“, рече Фјури.

„Ќе бидам подобар следниот пат. Ќе имам повеќе рунди и ќе се борам со подобар противник. Сфатив дека две и пол години отсуство е многу. Овој пат во својата кариера ќе сфатам многу сериозно, и ќе уживам во секој момент“, изјави поранешниот светски шампион во тешка категорија.

„Ако сум брутално искрен, можев да го нокаутирам за 10 секунди. Искрено, можев да го завршам во првата рунда. Но, што ќе добиев со тоа? Добив четири рунди наместо десет секунди. Уживав. Противникот беше доста низок, што значи дека беше лесен и брз. Тој не дојде да се бори. Дојде да трча по рингот и да ужива. Се надевав на поголем противник, но едноставно не успевме да го најдеме. Го зедовме Сефери бидејќи имаше добар скор и цврста брада“.

„Малку танцував, фрлив неколку удари и се почувствув како е тоа повторно да бидеш под светлата. Тоа е долго време. Нема да кажам дека небев нервозен поради враќањето и главната борба на вечерта. Но, не би менувал ништо. Ќе одам дома, ќе јадам пица и се враќам на работа. До крајот на годината повторно ќе бидам светски шампион“.

Фјури веројатно е насочен спрема „регуларниот“ шампион на ВБА, Мануел Чар, кој прво на крајот од септември мора да го победи Фрес Оквендо.

Неговиот промотор Френк Ворен потврди дека следната битка ќе биде на 18 август во Белфаст на настанот кој го предводи Карл Фрамптон.

„Кого и да ми го донесат, се едно е. Сите тие се исти. Сите тие се клошари. Вајлдер, Џошуа, Паркер – сите тие се срање. Исти се како и Мануел Сефер или како веќе се вика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО