Ковингтон издоминира против Лоулер, Милер го заспа Гвидо (ВИДЕО)

Колби Ковингтон (15-1, 10-1 УФЦ) го победи Роби Лоулер (28-14, 13-8 УФЦ) со едногласна одлука  по пет рунди борба во УФЦ на ЕСПН-5 и стана нов шампион.

Ова беше главната борба на вечерта во која  Ковингтон доминираше, за 25 минути борба упати 600 удари но Лоулер едноставно не сакаше да падне.

Со одлука на судиите победи Ковингтон за кого ова е 15 победа на 16. професионална борба во УФЦ.

Ковингтон во следниот меч би требало да го предизвика Камару Усман, шампионот во лесна категорија.

Во краток, но многу интересен судир ветераните Џим Милер (31-13-1НЦ, 20-12-1НЦ УФЦ) со голотина за 58 секунди го заспа Клеј Гвидо (35-19, 15-13 УФЦ), откако претходно и двајцата беа здрмани од удари .

На 35-годишниот Милер ова му е втора последователна победа, додека две годишни постариот Гвидо изгуби две од последните три борби.

23-годишниот Авганистанец од Тристар џим Насрат Хакпараст (11-2, 3-1 УФЦ) со нокаут во втората рунда против Бразилецот Жоаким Силва (11-2, 4-2 УФЦ) стигна до третата последователна победа.

Дарко Стошиќ (13-3, 1-2 УФЦ) го претрпе вториот последователен пораз. Тој загуби со едногласна одлука (29-26, 28-27, 28-27) од Кенеди Нцекуву (7-1, 1-1 УФЦ).

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=84rG0DiqUug
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=O2cCDbOFzXw
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО