Ковалев: Не го почитувам Хопкинс

Сергеј Ковалев од Русија призна дека не го почитува најстариот светски шампион во историјата на боксот, Бернард Хопкинс – Џелатот (САД).

sergey-kovalev

Тие ќе имаат борба на 8 ноември во легендарната сала „Бордволк хол“ во Атлантик Сити. Средбата е од обединувачки карактер, бидејќи со овој меч ќе се обединат светските титули во лесно- тешка категорија .

„Тој не ме почитува, затоа и јас немам намера да го почитувам“ – коментираше Русинот.

– Не ми е гајле што зборува. Воопшто не го разбирам. Немам намера да го проучувам. Само си бркам мојата работа во салата. Наместо да гледам негови натпревари. Сакам да си направам појадок или да спијам во кревет“.

Ковалев призна дека раѓањето на неговиот син го променило неговиот живот.

„Боксот е опасен спорт“ – призна Ковалев.

– Ако порано ни се родешше дете, сигурно немаше да се тепам. Почнав да го правам тоа, бидејќи  ни требаа пари“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО