Кормиер: Рамбле поради мене стана подобар

Даниел Кормиер (18-1, 7-1 УФЦ) е свесен дека во реваншот го чека поинаков Ентони Џонсон (22-5, 13-5 УФЦ) од оној против кого го освои шампионскиот појас.

ДЦ/DC вели дека напредокот на Рамбле како борец е по негова заслуга. Претходно го сметал за нокаутер кој ќе се откаже кога работите ќе станат навистина тешки.

„Јас направив подобар. Направив поискусен, сталожен и комплетен борец. Тоа ми беше во главата за време на подготовките. Морав така. Не може да го очекувам од истиот тип“, изјави шампионот за новинарите во пресрет на УФЦ 210 во Бафало.

Кормиер во борбата за слободната титула во мај 2015 година го победи Џонсон со задвење од позади во третата рунда.

https://youtu.be/4-NUa-GtTv0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО