Кормиер незгодно падна по прес-конференцијата со Миочиќ (ВИДЕО)

Предизвикувачот за шампионската титула на УФЦ во тешка категорија имаше незгода.

По прес-конференцијата со Стипе Миочиќ во пресрет на УФЦ 226 овој викенд во Лас Вегас, Даниел Кормиер незгодно падна откако стана од столот.

Кормиер остана на подот неколку секунди и стана со помош на Дана Вајт и членовите на обезбедувањето и замина од сцената.

По неколку минути неизвесност го одработи соочувањето со Миочиќ.

Вчера беше објавено дека Макс Холовеј поради симптоми на потрес на мозокот нема да може да ја брани титулата во перолесна категорија против Брајан Ортега.

https://youtu.be/xmYnS1Ujdrs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО