Бунџикан Македонија го организира 10-от летен камп за јапонски традицонални самурајски и нинџа вештини од 4 до 12 август

Десетиот по ред летен камп за јапонски традицонални самурајски и нинџа вештини, ќе се одржи во периодот од 4 до 12 август, во доџо-то на Буџинкан Македонија, сместено во долината под планината Липац.


За оваа година предвидени се две теми за обработување. Првата е вештината Даито рју Аикиџуџутсу која е позната како школа-мајка на денешното Аикидо. Поради тоа, ова е одлична можност македонските аикидоки да се запознат одблизу со оваа стара самурајска традиција.
Втората тема е запознавање и изучување на самурајското оружје Нагината, односно техниките кои доаѓаат од школата Кукишинден рју Хаппобикенџутсу.

Да напоменеме и тоа дека учеството на кампот е отворено за сите, без разлика на знаењето или на стилот кој го практикуваат.

Повеќе информации на веб-страниците:
www.koryu.mk
www.camp.koryu.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО